Background

Собранието го усвои ребалансот на буџетот

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и за реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски, соопшти Министерството за финансии.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува навремено и одговорно усогласување на буџетските проекции со новите економски околности и обезбедува средства за исполнување на законските обврски кои во меѓувреме се случуваа, како и за реализација на развојните приоритети согласно степенот на нивната реализација, се вели во соопштението.

Со Дополнетиот ребаланс вкупните приходи се ревидираат на 379,5 милијарди денари (6,15 милијарди евра), што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари или повеќе за 2,8% од првичните проекции. Буџетскиот дефицит е проектираниот на 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП.

- Advertisement -
Ad image

– Со овие измени обезбедуваме средства за исплата на зголемените плати во секторите каде што е предвиден раст, дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините. Она што особено го издвојува овој ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус и за реализацијата на инфраструктурните проекти – рече министерката.

Таа додаде дека измените се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и потенцира дека денес со изгласувањето на Ребалансот продолжува инвестицискиот циклус, изградбата на инфраструктурата, поддршката за локалниот развој и се обезбедува сигурност и предвидливост за граѓаните и стопанството.

Со ребалансот се обезбедуваат 5,8 милијарди денари (94 милиони евра) повеќе средства за капитални инвестици и се проектирани на ниво од 46 милијарди денари (745,5 милиони евра)  што е 14,3% повеќе во споредба со иницијалниот буџет, а заради забрзаната динамика на реализација на капиталните проекти. Имено, во првата половина од годината реализацијата на капитални расходи достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на ставката за капитални расходи и инвестиции во инфраструктурата е причината за корекцијата на дефицитот од 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција на буџетскиот дефицит.

Средствата се насочени кон реализација на проекти коишто директно го подобруваат животот на граѓаните и ќе создадат економски придобивки во наредните години. Планирано е финансирање проекти во патната инфраструктура и железничката инфраструктура, во областа на животната средина и комуналната инфраструктура, енергетика, образованието и детската заштита, земјоделство, правосудството, како и средства за капитални проекти во општините, односно поддршка на локалниот развој.

Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за сервисирање на најприоритетните обврски коишто произлегоа од потпишаните колективни договори, односно за повисоки плати, повеќе средства за земјоделството, како и за социјалната заштита.

Дополнително, преку вградувањето на амандманите, се обезбедија средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Исто така, дополнителни 6 милиони денари се обезбедија за транспорт на вода за населението во Гостивар поради прогласената епидемија, 1 милион денари за Управата за извршување на санкции; 10 милиони денари во МОН за реконструкција на факултети, 12 милиони денари во Јавното обвинителство за продолжување на лиценца за набавка на софтвер, 170 милиони денари за изградба на дистрибутивни центри во Скопје и Струмица и реновирање и адаптација на зградата на ИПАРД, како и 80 милиони денари во Агенцијата за стокови резерви.

Растот на БДП за 2026 година со Ребалансот е проектиран на 3,5%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation