Background

Со звуците на државната химна, во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, започна настанот посветен на оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја

Со звуците на државната химна, во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, започна настанот посветен на оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја.

На свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и бројни гости, кои заеднички му оддадоа признание на претседателот препознаен по својата човечност, визија и стремеж кон обединето и демократско општество.

Во рамки на настанот беше откриен портретот на претседателот Борис Трајковски, дело на авторката Валбона Атанасовска. Портретот го откри претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој истакна дека ова не е само омаж на еден претседател, туку и кон вредностите што ги застапуваше Борис Трајковски – мирот, толеранцијата, дијалогот, човечноста.

- Advertisement -
Ad image

Во чест на Борис Трајковски беше отворена и изложбата „Животот и делото на Борис Трајковски низ фотографии“, која преку одбрани архивски фотографии го доловува неговиот животен пат, политичката дејност и трајното наследство што го остави зад себе.

Овој чин претставува симболична, но искрена почит кон вредностите што Борис Трајковски ги живееше и ги застапуваше – меѓусебно разбирање, демократско општество и европска визија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation