– Важно е обожавателите на Битлси да имаат официјално место во Лондон поврзано со историјата на бендот – изјави Пол Макартни за Би-би-си. Туристите доаѓаат во Англија и можат да ги посетат студијата на „Еби Роуд“ (Abbey Road), но не можат да влезат внатре и често има голем метеж на улицата. Затоа сметам дека ова е одлична идеја, додаде Макартни.
Иницијативата е од британската мултимедијална компанија „Епл корпс“, со цел да создаде специјален музејски простор посветен на членовите на бендот. Во музејот ќе бидат изложени досега необјавените дела, како и различни тематски изложби. Ќе се изврши и реконструкција на оригиналното студио во кое групата работела, при што посетителите би имале можност повторно да го доживеат познатиот „концерт на покривот“, одржан во 1969 година.
– Како дел од напорите за автентично прикажување на групата, ќе има реставрација и на оригиналната ограда на покривот од 1969 година – изјави шефот на „Епл корпс“, Том Грин.
– Беше навистина посебно чувство повторно да се вратиме на „Савил роу 3“ и да ја разгледаме зградата. Внатре има толку многу значајни спомени. А да не зборуваме за покривот. Тимот има осмислено навистина импресивни планови и едвај чекам луѓето да ги видат кога ќе бидат реализирани – изјави Макартни.
Последниот настап на Битлси е прикажан и во филмот на режисерот Питер Џексон „Враќањето на Битлси“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
