Background

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските,ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал.Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името посветено на Свети Василиј.

Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. На сатиричен и уникатен начин во релаксирана атмосфера во кабинетот на поранешниот вицепремиер Артан Груби фудбал играа поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици продефилира и екс директорот на УБК Сашо Мијалков со црвеното „ферари“. Вевчанци на сатиричен начин побараа и враќање на старото уставно име Република Македонија на личните документи, не го заборавија ниту бегството на екс вицепремиерот Артан Груби. Дел од маските беше и Бугарски администратор, Планетата на мајмуните, инспирирани од истоимениот филм, веселата „Вевчанско вече“, тимот на вевчанската женска фудбалска репрезентација, како и карактеристични маски со чудовишта, принцези, снежни кралици, новогодишни елки….

Поворката ја предводеа традиционалните маски со зетот и невестата заштитувани од ѓаволи и глупави Августи, веднаш зад нив одеше оркестарот со зурли и тапани.

- Advertisement -
Ad image

Вевчани изминатите два дена претставува отворена театарска сцена, без сценарио и режија, каде дефилираа голем број маскирани вевчанци, пред своите сограѓани, но и бројна публика од земјава и странство.

Вевчанскиот карневал, датира од настанокот на селото, со традиција од околу 15 века. Симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation