Со приклучувањето на Србија во Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамки на СЕПА, соопшти Народна банка.
Тоа во практика значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи.
– Србија е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа меѓу петте најголеми партнери во надворешната трговија на земјата, што дополнително ја зголемува важноста на оваа интеграција. Оваа новина е особено значајна и за бројната дијаспора, како и за долгогодишните економски, семејни и традиционални врски меѓу двете земји, овозможувајќи поевтини и побрзи трансфери кон и од Србија – велат од Народната банка.
Македонија се приклучи кон СЕПА системот лани во октомври, а Србија се приклучи кон системот на 6 мај годинава.
Во плаќањето со Србија во почетната фаза ќе биде достапен само SEPA Credit Transfer, додека услугите како инстант трансфери и директни задолжувања се очекува да започнат во текот на следната година, кога српските банки технички ќе се подготват.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
