Background

СО ГРЦИЈА Е ДОГОВОРЕНО ДА СЕ ПРОШИРИ ПРЕМИНОТ „БОГОРОДИЦА“ ДО 12 ЛЕНТИ

Работиме на наоѓање пари за изградба на брза пруга по целиот коридор 10 кој оди од Атина до Виена и за брзо време ќе споделиме добри информации за овој проект. Тоа би било решение за брза пруга до 200 км за час за патнички и 120 на час за карго сообраќај. Со ова ќе ги отвориме јужните пристаништа кон Централна Европа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска се обрати на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори во Скопје.

Тој нагласи дека политиките во авиосообраќајот донеле нови 9 дестинации, а најави и промени за побрз транспорт на граничните премини.

– Веќе постигнавме договор со Грција за сериозно зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти. Со Србија имаме интензивна комуникација да создадеме целосна функционалност со One Stop Shop. Очекувам до април со Косово да имаме One Stop Shop, а во однос на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, интензивно работиме на нивно проширување и модернизацијa – истакна вицепремиерот Николоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека Владата започнала амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористи стратешката позиција како крстосница на Балканот и да донесе економски бенефит за државата и за регионот.

На Собранието, Николоски ја презентираше владината програма за развој на инфраструктурата во делот на патната и железничката мрежа. Истакна дека Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридорa 8 и 10, како и на кракот 10 д.

– Само во јануари ставивме во функција 42 км експресни патишта, a очекувам во перидот што следи да ставиме во функција уште најмалку 10 км експресни патишта и 40 км автопат. Oчекувам оваа година да отвориме фронт за работа за уште 67 километри автопат. Во февруари да започнеме со изградба и на автопатот Тетово-Гостивар, така што ќе се работи на целиот западен дел од Коридорот 8. Во делот на Коридор 10 д, ставивме во функција еден дел од експресниот пат Прилеп-Градско, во следните два месеца очекуваме и вториот дел да го ставиме во функција. Минатата есен започнавме со изградба на автопатот Прилеп-Битола, а оваа година очекувам да најдеме решение и за обиколница за Битола – рече Николоски.

Тој додаде дека се работи и на проектирање за експресен пат Куманово до Страцин, а во делот на кородорот 10 се работи на проектирање нова патна врска од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation