Првото полувреме во историјата на финалето на Светското првенство предизвика бројни реакции. И додека многумина се согласуваат дека оваа новина не помина добро, еден настап најмногу се издвои по бројот на негативни критики.
Џастин Бибер, кој ја изведе песната „Everything is Hallelujah“ од неговиот последен албум „Swag“, се најде на удар од гледачите, кои заклучија дека целосно ја уништил атмосферата на спектаклот.
За време на полувремето, Бибер изведе апобавна песна во придружба на акустична гитара, која, според многу гледачи, не се вклопуваше во енергијата на најголемиот фудбалски натпревар во светот. Наместо еуфорија и кревање на публиката на нозе, многумина го опишаа неговиот настап како приспивна песна.
– Дали Џастин Бибер знае дека не пее на погреб? – праша еден корисник на X. Друг напиша:
– Ти благодарам Џастин Бибер што целосно ја уништи атмосферата, додека трет коментираше: Зошто Џастин Бибер изведува акустична, бавна песна во текот на халфтајм шоу на финалето на Светското првенство?
Многумина истакнаа дека токму Шакира успеала да ја врати енергијата на стадионот по настапот на Бибер.
– Шакира го спаси денот по катастрофалниот настап на Џастин Бибер – гласеше еден коментар што предизвика голем број реакции.
Имаше и уште поостри критики.
– Џастин Бибер целосно ја уништи атмосферата на полувремето, Избра навистина лоша песна, како и: Требаше да нè разбуди, а не да нè успие – беа само некои од коментарите што следеа по емитувањето на финалето.
Некои гледачи отидоа чекор понатаму, нарекувајќи го неговиот настап „веројатно најлошиот дел од и онка просечното халфтајм шоу.
Други заклучија дека Бибер се чини дека бил додаден во програмата во последен момент, забележувајќи дека неговиот настап целосно го нарушил ритамот на спектаклот што ФИФА го организираше за прв пат на финалето на Светското првенство.
И покрај бројните критики упатени кон Бибер, историското шоу на полувремето ќе биде запаметено како еден од најголемите продукциски пробиви во историјата на Светското првенство, а дебатата за тоа кој беше најдобар, а кој најголемото разочарување на вечерта сигурно ќе продолжи и во наредните денови.
Tagged as:
„Со акустична гитара и бавна песна ја уништи атмосферата на спектаклот“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
