Background

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ИНДИЈА ВО ТРИДНЕВНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, денеска пристигнува во официјална посета на Република Македонија, во рамки на нејзината европска турнеја која ги опфаќа и Молдавија и Романија. Посетата има историско значење, бидејќи станува збор за прва официјална посета на индиски претседател на Македонија од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

За време на престојот во Скопје, се очекува Мурму да се сретне со државниот врв, при што во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералната соработка, економските односи, трговијата, инвестициите, информатичката технологија, образованието и науката. Во рамки на посетата се предвидени и средби со претставници на бизнис-заедницата, како и активности посветени на зајакнување на културните врски меѓу двете земји.

Посебно симболично значење има и фактот што Скопје е родниот град на Света Мајка Тереза, една од најпочитуваните личности во Индија, што претставува силна културна и духовна врска меѓу двете држави.

- Advertisement -
Ad image

Кој е Драупади Мурму?

Драупади Мурму е претседателка на Индија од јули 2022 година и е 15-ти претседател на најнаселената демократија во светот. Таа влезе во историјата како првата претседателка која потекнува од домородната заедница Сантал, една од најголемите племенски заедници во Индија, како и најмладата личност што ја извршувала оваа функција.

Пред изборот за претседател, Мурму имаше долгогодишна политичка кариера во редовите на Индиската народна партија (BJP). Била пратеничка во сојузната држава Одиша, министерка задолжена за трговија, транспорт и рибарство, а од 2015 до 2021 година ја извршуваше функцијата гувернер на државата Џарканд, станувајќи првата жена на таа позиција.

Иако функцијата претседател во Индија е претежно церемонијална, Мурму има значајна улога во претставувањето на земјата на меѓународната сцена и во промовирањето на индиската дипломатија. Нејзините странски посети се насочени кон продлабочување на политичките и економските партнерства, особено со земјите од Европа, Африка и Азија.

Посетата на Скопје се оценува како значаен дипломатски чекор во развојот на односите меѓу Северна Македонија и Индија и отвора можности за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР.

Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation