Денеска претпладне времето ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност.
Најниската температура ќе се спушти до -4 степени, а максималната дневна ќе искачи до 10-от степен, на југот од државата.
Утре ќе се задржи стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во благ пораст. По котлините ќе има појава на магла со пониски дневни температури.
Од понеделник облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд, на планините од снег, се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
