Background

СЛУЖБЕНИК ПРИСВОИЛ РЕЧИСИ 55.000 ЕВРА ОД СТУДЕНТИТЕ

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 и фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Прес-службата на УФП денеска соопшти дека пријавениот А. З., како вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, во периодот од март 2020 година до февруари 2023 година ја злоупотребил својата службена положба и овластувањата со намера да прибави противправна имотна корист за себе на начин што, искористувајќи ја својата службена позиција, наместо паричните средства што во готовина му биле доверени од студентите на Природно-математичкиот факултет (прв и втор циклус), Факултетот за физичка култура и Факултетот за медицина да ги уплати на сметката на Универзитетот преку веб-апликацијата Е-pay (www.epay.unite.edu.mk) врз основа на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање, тој ги присвоил за себе, при што противправно стекнал имотна корист во вкупен износ од 3.362.272 денари, а за истиот износ му причинил штета на буџетот на Универзитетот во Тетово.

– Со цел да го прикрие присвојувањето на паричните средства и трагите од стореното кривично дело, пријавениот изработувал фалсификувани потврди за наводно извршени уплати преку апликацијата Е-pay, кои им ги предавал на студентите како доказ за извршена уплата. За нивната изработка искористил податоци, вклучително и QR-код, од автентична потврда за извршена уплата преку Е-pay со банкарска картичка на сестра му по што со измена на податоците за уплаќачот, износот и датумот на уплата ја преправал потврдата и така фалсификуваните потврди им ги доставувал на студентите. Студентите, верувајќи дека уплатата е извршена, ги прикачувале потврдите како прилог (attachment) во електронскиот систем и истовремено ги доставувале до студентската служба како доказ за извршена уплата – информира Управата за финансиска полиција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation