Случајот со исчезнување на Александар Нешовиќ Баја, човек поврзан со криминалното подземје во Нов Белград ја тресе Србија. Последен пат Баја беше виден во ресторан во Сењак.
Српската полиција во голема акција уапси 8 лица во акција во ресторанот. Двајца осомничени се товарат за обид за тешко убиство. За сопругата на еден од уапсените постои сомжен дека извадила пиштол од „кутија“ и му го донела на сопругот, кој наводно го употребил против Нешовиќ.
Српските медиуми пишуваат дека началникот на Управата за градска полиција во Белград Веселин Милиќ заврши во дводневен притвор. Тој се сомничи дека не пријавил кривично дело и дека му помогнал на сторителот. Меѓу уапсените се и тројца полицајци кои биле дел од неговото обезбедување.
Уапсени се и сопственикот и келнер од ресторанот „Сењак“, бидејќи постои сомнеж дека помагале по извршување на кривичното дело и не го пријавиле.

Во ресторанот биле пронајдени две чаури од калибар 9 милиметри и повеќе траги од крв. Ден подоцна, полицијата пронашла ајфон во контејнер спроти објектот.
Исчезнувањето на Баја го пријавила неговата сопруга следната вечер , откако не можела да го добие на телефон.
Српските медиуми потсетуваат дека Баја и претходно бил мета на напад. Пред околу 4 месеци, полицијата уапсила шведски државјанин и негов соучесник од Јужна Африка во Сењак.
Тогаш постоеле сомнежи дека биле ангажирани од припадници на т.н. Врачарски клан. Истрагата сега проверува дали постои поврзаност меѓу двата случаи.
Tagged as:
Случајот со исчезнување на Александар Нешовиќ Баја човек поврзан со криминалното подземје во Нов Белград ја тресе Србија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
