Против 52-годишна жена од Словенија е поднесена кривична пријава за неовластено користење банкарска картичка
Против 52-годишна жена од Словенија е поднесена кривична пријава поради сомнение дека неовластено користела туѓа банкарска картичка и направила 47 интернет-трансакции, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево е поднесена кривична пријава против В.Г. (52) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според пријавеното, во периодот од 23 до 27 октомври 2025 година, жената неовластено искористила банкарска картичка во сопственост на друго лице.
Со картичката, како што информира МВР, преку интернет-апликација направила 47 трансакции, во вкупен износ од 99.751 денар.
Случајот е предмет на понатамошна постапка согласно законските прописи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
