Словенија беше погодена од силно невреме со поројни дождови, грмотевици, силен ветер и град, кој на некои места беше со големина на орев. Најпогодени се источните делови од земјата, особено Штаерска и подрачјето околу Марибор.
Според словенечките медиуми, ветерот корнел покриви, уривал дрвја и електрични столбови, а пожарникарските екипи имале повеќе интервенции на терен. Штети се пријавени и на поголеми објекти, меѓу кои и на зградата на Универзитетскиот медицински центар во Марибор.
Словенечката агенција за животна средина, AРСО, претходно го подигна нивото на предупредување од жолто на портокалово поради опасност од посилни грмотевици, налети на ветер, поројни дождови и град.
Невремето прво го зафати северниот и источниот дел од земјата, а потоа се движеше кон централните и југоисточните делови. Дожд имаше и во Љубљана, а на аеродромот во близина на главниот град ветерот достигнал брзина од 85 километри на час. АРСО објави дека радарите укажуваат на локални поројни дождови во областа Толмин и појава на град.
Словенечките служби предупредија дека и по поминувањето на главниот бран, на одредени места може да има засилени налети на ветер и локални поројни врнежи. Засега, според најавите, не се очекуваат поголеми поплави, но водостоите може да пораснат во делови каде дождот ќе се задржи подолго.
Невремето не ја заобиколи ниту Хрватска. Во Загреб вчера вечерта имало силни грмотевици, дожд и ветер, а хрватските метеоролози издадоа жолто предупредување за поголем дел од внатрешноста на земјата.
Tagged as:
град грмотевици и силен ветер Словенија погодена од невреме - Поројни дождови
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
