Background

Директорката на Британската разузнавачка агенција (GCHQ) Ен Кист-Батлер изјави дека од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година загинале речиси 500.000 руски војници

Директорката на Британската разузнавачка агенција (GCHQ) Ен Кист-Батлер изјави дека од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година загинале речиси 500.000 руски војници.

Кист-Батлер овие информации ги изнесе во своето прво јавно обраќање, во кое говореше за заканите со кои се соочува Велика Британија. Таа предупреди дека земјата се наоѓа во клучен момент и ја обвини Русија дека постојано таргетира критична инфраструктура, демократски процеси, синџири на снабдување и јавна доверба.

Таа додаде дека британската разузнавачка служба работи на одбивање сајбер-напади, како и на спротивставување на, како што наведе, непромислени саботажи и обиди за атентати.

- Advertisement -
Ad image

– Соочени со таква агресија и хаос, неуморно работиме со разузнавачките и одбранбените партнери за да ја минимизираме и намалиме руската закана – изјавила Кист-Батлер.

Иако и Киев и Москва редовно објавуваат проценки за загубите на другата страна, ретко ги соопштуваат сопствените бројки. Зеленски во февруари изјави дека Украина од 2022 година изгубила 55.000 војници.

Од почетокот на војната, рускиот сервис на Би-би-си, заедно со независниот портал Медиазона и волонтери, води евиденција за загинатите руски војници чија смрт е потврдена преку официјални извештаи, медиумски објави, социјални мрежи и нови спомен-обележја.

Досега бил потврден идентитетот на 223.539 војници и офицери кои загинале на руската страна, а воените експерти проценуваат дека тоа би можело да претставува меѓу 45 и 65 проценти од вистинскиот број жртви.

Говорејќи од Блечли парк, историскиот британски центар за дешифрирање од Втората светска војна, Кист-Батлер предупреди и на растечките способности на Кина во вселената, сајбер-просторот и воените структури. Особено истакна дека вештачката интелигенција брзо ја менува безбедносната средина и ги повика компаниите и граѓаните итно да ја зајакнат сопствената дигитална заштита.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation