Background

Следната година ќе се постави камен темелник за Националниот дата центар

Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува камен-темелникот да се стави следната година.

Андоновски во интервју за „360 степени“ демантира дека е дадена дозвола и дека е потпишан договор за изградба на податочен центар од 100 мегавати кој би користел вода од реката Вардар.

Андоновски вели оти водата што би се користела за ладење во податочните центри е, всушност, техничка вода која се добива со копање во внатрешниот слој на земјата и дека тој нема информација дека се користи вода од реки и езера за потребите и функционалноста и ладењето на дата-центрите.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме закони коишто го уредуваат давањето дозвола за градење и во врска со животна средина и јас кажав – нема да се донесе одлука за изградба на ваков податочен центар ако сме свесни дека тој би имал штета на животната средина. Јас често го земам примерот со Словенија, во Марибор, којшто користи вода, таа се топли во процесот на ладење на податочниот центар, потоа се искористува за затоплување на пластеници или за затоплување во домаќинствата, а изладената вода повторно се враќа во податочниот центар. Не се троши, немаме потрошувачка на вода и ништо такво нема да дозволиме да се случува ниту тука – нагласи Андоновски.

Во однос на прашањето дали македонската оператива има капацитет да го изгради дата-центарот, Андоновски оценува дека е можно, особено доколку има соодветна техничка поддршка од надвор, советување и надзор.

– Бидејќи станува збор за меѓународна постапка во зависност од финансиерите, ќе се дефинира и начинот на којшто ќе биде избран изведувачот. Дел од набавките се вршат национално, во зависност од тоа дали дозволуваат финансиерите, или меѓународно. Но, јас мислам дека кај нас, доколку се здружат квалитетни домашни компании, имаме капацитет. Ние веќе имаме 7-8 податочни центри коишто се изградени со помал габарит од овој, но не толку мал, од домашни компании. Тие имаат искуство во изведбите, така што мислам дека имаме капацитет дома за ваква инвестиција – оцени Андоновски.

За проектот за државниот дата-центар е одобрена физибилити студија и во моментот се бара финансиер. Андоновски потврди дека се разговара со шест компании и дека во Планот за раст овој проект е оценет позитивно и е евалуиран на околу 20 милиони евра, односно компонента од 30 отсто грант и 70 отсто, како што вели, меки кредити. Заемот ќе зависи од банките што соработуваат со Европската Унија во процесот на поддршка на вакви иницијативи.

Во однос на локацијата каде би се изградил дата центарот, Андоновски потврди дека тоа ќе биде во близина на Скопје кај ТИРЗ зоните и дека се работи за државно неплодно земјиште.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation