Членот на жирито на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, српскиот рок-музичар Ѓорѓе Давид, предизвика револт и лавина реакции кај македоснката јавност откако во емисијата македонската песна „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече „стара бугарска песна“.
Песната, која беше дел од репертоарот на македонски фолк-пејач Гоце Арнаудов, во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ ја испеа младата 20-годишна крушевчанка Ребека Јанковска. Коментирајќи го нејзиниот настап Ѓорѓе Давид изнесе скандалозна констатација дека тоа е „стара бугарска песна“.

Тоа веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и во медиумите. Меѓу првите кои остро реагираа беше „Радио Валандово 91.6 фм“, кое го потсети жирито на некои факти во врска со песната.
„Кога станува збор за македонската песна, незнаењето не смее да биде погласно од историјата! Песната ‚Дали чекаш стара мајчице‘ е авторска, македонска песна, чија музика е дело на Миле Барбаровски, а текстот е на Ѓорѓе Барбаровски, додека аранжманот го потпишува Живојин Глишиќ. Оваа легендарна композиција е снимена уште во 1994 година за Фолк Фест Валандово и претставува еден од најголемите хитови во кариерата на незаборавниот Гоце Арнаудов“, се вели во реакцијата, во која се додава дека „незнаењето не е оправдување за искривување на фактите“.
Револтираните гледачи и фестивалски работници истакнуваат дека кога некој настапува пред милионска аудиториум и има медиумска моќ, мора да води сметка за историските факти и авторските права, а не лесно да присвојува туѓо културно наследство. Бројни коментари се слеаја и под објавите на регионалните медиуми како Б2, Канал ТВ, каде гледачите отворено побараа јавно извинување од Ѓорѓе Давид.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
