Сите вработени во Образованието добија повисоки плати

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СДСМ и ДУИ го девалвираа и го уништија образованието изминатите 7 години. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да воспостави напреден воспитно-образовен систем, соопшти партијата на Христијан Мицкоски.

„Образованието е еден од клучните столбови на државата и има клучна улога во обликувањето на поединецот. Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ креира национална образовна стратегија креирана со општ консензус. Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ се грижи за сите вработени во образованието и ги покачи платите за 12 проценти. Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април. Вработените во образованието ќе добијат од 46 до 60 проценти повисоки плати во еден мандат. Историско зголемување на платите во образованието. Најмалку 46% до 60% поголеми примања во следните четири години ќе добијат вработените во основното и средно образование“, се вели во соопштението.

Октомвриската плата исплатена минатата година беше повисока за 5 проценти, потоа со мартовската плата 2025-та, која беше исплатена во април 2025-та седум проценти дополнително зголемување, а од март 2026-та ќе има дополнително покачување меѓу 7,5 и 10 проценти во зависност од состојбата на буџетот, март 2027-ма повторно помеѓу 7,5 и 10 проценти и март 2028-ма помеѓу 10 и 12,5 проценти, наведено е во реакцијата.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сеопфатно подобрување на образовната структура. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со активни политики работи на задржување на младите и реализирање на нивниот потенцијал во Македонија“, се вели во соопштението.

Share This Article