Background

Синот на поранешниот канадски премиер го искористи славниот пар за промоција на својата нова песна

Ксавиер Трудо, најстариот син на поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, пронајде несекојдневен начин да ја промовира својата нова песна „Downtown“. Во видеото што го објави на социјалните мрежи, неговиот татко и Кејти Пери танцуваат во продавница за железарија, а главниот реквизит е огромен отпушувач за одвод.

Во видеото Кејти Пери ја приближува камерата кон звучникот во продавницата, додека Ксавиер напишал: Видео со реакцијата на мојата нова песна DOWNTOWN. Откако започнува мелодијата, во кадар се појавува Трудо, кој танцува низ продавницата, носи очила за сонце и мавта со огромен гумен отпушувач за одвод. На крајот се појавува и 41-годишната Пери, која танцува додека ја држи камерата.

– Сега е достапна на сите стриминг-платформи – напиша Ксавиер.

- Advertisement -
Ad image

 

Ксавиер е најстарото од трите деца што Џастин Трудо ги има со поранешната сопруга Софи Грегоар. Младиот музичар неодамна откри дека славата на неговото семејство му создавала притисок.

– Чувствував притисок. Мислам дека токму затоа сакав да направам нешто сосема поинакво и, очигледно, да го променам животот на луѓето, но на свој начин… Создавањето ново име за себе и тоа да бидам свој човек ми беше многу важно – изјавил тој во интервју за „GQ“.

Претходно, тој објави и видео во кое ја преслушува песната заедно со својата мајка додекаседат во автомобилот.

Во меѓувреме, неговиот татко Џастин повторно предизвика внимание со изборот на фотографии од изминатите недели, меѓу кои и една семејна фотографија со поранешната сопруга и нивните три деца, но и снимка на која тој и Кејти Пери уживаат заедно со пиво во рака.

– Благодарен сум за моментите што го направија ова лето толку посебно и за луѓето со кои можев да ги споделам – напиша тој.

 

Трудо и Пери се во врска нешто повеќе од една година, откако минатото лето беа забележани заедно на вечера во Монтреал. Половина година подоцна, во декември, тие практично ја потврдија врската и на Инстаграм. Парот ова лето за првпат се појави заедно на црвениот тепих на 25. Фестивал „Трибека“, каде што присуствуваа на премиерата на концертниот филм „Katy Perry: The Lifetimes Tour – Live from Paris“. Пејачката тогаш за „People“ изјави:

– Чувствувам дека сум многу поцврсто втемелена личност во многу аспекти од мојот живот. Многу сум вљубена.

Пред врската со Трудо, Пери девет години беше во врска со актерот Орландо Блум, со кого ја има петгодишната ќерка Дејзи. Двајцата почнаа да се забавуваат во 2016 година, се свршија во 2019 година, но никогаш не стапија во брак. По раскинувањето, нивните претставници истакнаа дека односот го насочиле кон заедничкото родителство. Пери претходно беше кратко во брак со комичарот Расел Бренд, од 2010 до 2012 година.

Во меѓувреме, Џастин Трудо со поранешната сопруга Софи има три деца – Ксавиер, 17-годишната Ела-Грејс и 12-годишниот Хадриен. Тие беа во брак 18 години, пред во август 2023 година да објават дека се разделуваат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation