Силна зимска бура ги погоди САД: Прогласена вонредна состојба, погодени над 60 милиони луѓе

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
SHAWNEE, KANSAS - JANUARY 5: Dense snow fall and wind reduce visibility on January 5, 2025 in Shawnee, Kansas. Conditions have worsened since the morning hours making it difficult to be outside or drive. Snow drifts have grown and the sidewalks are difficult to walk on in the deep snow. A large swath of the U.S., across the Midwest to the East Coast is experiencing a major Winter storm, with more than two feet of snow in some areas. A state of emergency has been declared in Kentucky and Virginia. Chase Castor/Getty Images/AFP (Photo by Chase Castor / GETTY IMAGES NORTH AMERICA / Getty Images via AFP)
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 60 милиони Американци се погодени од моќна зимска бура која може да донесе најобилни снежни врнежи и најниски температури во повеќе од една деценија.

Вонредна состојба досега е прогласена во седум сојузни држави погодени од оваа зимска бура, која донесе снег, мраз, ветер и температури слични на Арктикот.

Според Националната метеоролошка служба, Канзас и Индијана најверојатно ќе забележат најмалку 8 инчи снег, додека Арканзас, Луизијана и Тексас се под предупредување за торнадо.

Областите меѓу централниот дел на Канзас и Индијана веројатно ќе доживеат обилни снежни врнежи, со голема веројатност (60-90 проценти) од најмалку 8 инчи снег, најобилните снежни врнежи во една деценија, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS) на платформата X.

Овие услови придонесоа за силни ветрови до 72 км/ч во Канзас и Мисури, а NWS издаде предупредувања за бура за Њу Џерси за понеделник и вторник.

Метеоролозите велат дека екстремното време е предизвикано од поларниот вител, област на студен воздух што го обиколува Арктикот, носејќи студено време во централниот дел на САД.

Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар ги повика жителите да „останат дома“ по извештаите за повеќекратни несреќи.

Во Вирџинија, полицијата забележа најмалку 135 сообраќајни несреќи додека невремето ја зафати државата во неделата. Евидентирани се неколку повредени, но нема смртни случаи, јавува ДВ.

Полицијата во Мисури извести дека интервенирала во речиси 600 возила кои останале блокирани и во 285 сообраќајни несреќи.

- Advertisement -
Ad image

Според веб-страницата за следење летови FlightAware, откажани се речиси 2.200 летови, а забележани се над 25.000 доцнења, пренесува Dnevnik.hr.

Невремето продолжува кон брегот, а ниските температури се очекува да продолжат и во вторник. Многу училишта одлучија да останат затворени во понеделникот, вклучително и јавните училишта во Индијанаполис, Синсинати, Вашингтон и Филаделфија.

Од понеделник се очекува подобрување на временските услови.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article