Пар кој решил да ги носи своите вредни работи со себе во морето наместо да ги остави на плажа стана вистински хит на социјалните мрежи. Видеото собра повеќе од милион лајкови, но наместо нивната снаодливост, најмногу внимание привлече таканаречениот „балкански метод“ за чување работи на плажа.
Корисничката на ТикТок, Фјона, објави видео во кое покажува како таа и нејзиното момче го решиле проблемот со телефонот, паричникот и клучевите додека пливаат.
Наместо да побараат од некого да им ги причува работите, сè ставиле во пластична кеса, добро ја затвориле и ја поставиле на шарена гума што пловела покрај нив додека биле во морето.
„Кога твоето момче е премногу претпазливо, па сите работи мора да ги ставите во пластична кеса и да ги носите со себе додека пливате“, напишала таа покрај видеото.
Во коментарите брзо се појавил совет што привлече огромно внимание.
„Научи го на балканскиот метод“, напишал еден корисник.
Кога другите прашале што точно значи тоа, следувало објаснување дека вредните работи едноставно се оставаат под облеката, под пешкирот или на место што не привлекува внимание.
Други отишле чекор понатаму. Според нив, парите, клучевите и телефонот треба да се стават во кеса, да се закопаат плитко во песокот и над нив да се постави пешкир.
„Тоа е многу подобро отколку да барате непознати луѓе да ви ги чуваат работите“, гласи еден од најпопуларните коментари.
Имаше и корисници кои ја бранеа идејата на младиот пар.
„Всушност, ова е одлична идеја. Токму грижата за работите ме одвраќа од одење на плажа кога сум сам“, напишал еден корисник.
„Генијално за луѓе што патуваат сами“, додал друг.
Трет заклучил кратко:
„Чекајте… ова навистина е добра идеја“.
Tagged as:
ИМ КАЖАЛЕ ДА ПРОБААТ „ПОБАЛКАНСКИ“ СИ ГИ НОСЕЛЕ ВРЕДНИТЕ РАБОТИ ВО ВОДА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
