ШВЕРЦУВАЛ УРАНИУМ И ГО ПРОДАВАЛ НА ИРАН

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Членот на јапонската криминална организација јакуза, Такеши Ебисава се изјасни за виновен за заговор за продажба на нуклеарни материјали од Мјанмар на Иран, како и за шверц на дрога и оружје.

Ебисава (60) пред Федералниот суд на Менхетен се изјасни за виновен по шест точки од обвинението. Изрекување на пресудата е закажано на 9 април.

Ебисава во 2020 година на таен агент на американската за Администрација за борба против дрогата (ДЕА) му кажал дека поседува големо количество ториум и ураниум, кои сакал да ги продаде. Тајниот агент на ДЕА се согласил да му помогне на Ебисава во посредувањето за продажба на нуклеарните материјали на соработник кој се претставил како ирански генерал. Лабораториската анализа на жолтиот прав открила значителни количини ураниум, ториум и плутониум.

Ебисава, исто така, е обвинет за посредување во купувањето на проектили земја-воздух од американско производство и тешко оружје за вооружување на повеќе етнички групи во Мјанмар и за прифаќање на големи количини хероин и метамфетамин како делумна исплата за оружјето.

Членот на јакуза бил уапсен во соработка со полицијата на Индонезија, Јапонија и Тајланд.

Ебисава, кој беше обвинет во 2022 година за меѓународна трговија со дрога и огнено оружје, се соочува со можна доживотна казна затвор.

Share This Article