Шведската полиција денеска соопшти дека 5 лица биле застрелани во едукативен центар за возрасни во шведскиот град Еребро, на околу 200 километри западно од Стокхолм, јавија светските агенции.
Властите соопштија дека опасноста не поминала и ја повикаа јавноста да не се приближува до објектот.
„Извештаите за насилство во Еребро се многу сериозни. Полицијата е на местото каде што се случило пукањето и операцијата е тек. Владата е во близок контакт со полицијата и внимателно ја следи ситуацијата“, изјави шведскиот министер за правда, Гунар Штромер, за шведска новинска агенција.