Шведската војска ќе купи тенкови од германско-францускиот производител на специјализирана опрема KNDS за 22 милијарди шведски круни (1,97 милијарди долари), соопшти во четвртокот владата на нордиската земја.
Нарачката вклучува 44 тенкови Леопард 2 А8 и надградба на 66 постоечки тенкови, се вели во соопштението на владата.
„Ова е апсолутно неопходна инвестиција“, рече претходно шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон, говорејќи за јавниот радиодифузен сервис SVT, додавајќи дека тенковите ќе и помогнат на Шведска да ја исполни својата цел за удвојување на големината на својата армија.
Испораките на тенкови ќе започнат во 2028 година и ќе продолжат до 2031 година, се вели во владиното соопштение, пренесува Ројтерс.