Соборениот сириски диктатор Башар ал Асад, кој со семејството е во Москва откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Сирија, наводно е отруен, јавуваат руските медиуми.
Според тврдењата, труењето било обид за атентат на Асад, кој беше евакуиран во Русија по наредба на претседателот Владимир Путин.
Во текот на викендот каналот General SVR на Телеграм, објави дека Асад почнал да се чувствува лошо во неделата, жалејќи се на проблеми со дишењето.
Претставниците на Кремљ веднаш биле информирани за ситуацијата и на Асад му било наредено да се лекува дома, а не во болница. До понеделник неговата состојба се стабилизирала.
Според пишувањето на руските медиуми, резултатите од тестовите на крвта укажуваат на присуство на отровна супстанција во неговото тело.
За наодите е информиран помошникот на рускиот претседател Николај Патрушев, а истрагата е во тек.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
