Шпанија веројатно ќе го премине симболичниот праг од 100 милиони странски туристи оваа година, процени Министерството за индустрија, енергетика и туризам на земјата.
Бројот на странски туристи во Шпанија достигна 96,8 милиони во 2025 година, што е веќе рекорд и зголемување од 3,2 проценти во споредба со претходната година.
Шпанија, втората најпосетувана земја во светот по Франција, смета на последиците од конфликтот на Блискиот Исток за да привлече уште повеќе посетители, објави британската агенција Ројтерс на својата веб-страница.
„Веројатно ќе достигнеме (100 милиони) ако овој тренд продолжи. Тоа би бил природен исход“, соопшти министерството.
Шпанската влада проценува дека туристите ќе придонесат со 64 милијарди евра во економијата помеѓу јуни и септември, што е зголемување од 10 проценти во споредба со истиот период во 2025 година. Ова треба да ја консолидира улогата на туризмот како клучен двигател на економскиот раст на земјата.
Се очекува Шпанија да пречека околу 43 милиони меѓународни туристи помеѓу јуни и септември, што е за шест проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.
Владата предвидува слично зголемување на бројот на туристи како и напролет, бидејќи геополитичката неизвесност околу конфликтот во Иран ја зголемува побарувачката за европски дестинации.
Во последните месеци, немирите на Блискиот Исток ги одвратија некои патници од регионалните дестинации и ја зголемија побарувачката за јужните медитерански земји.
Tagged as:
Шпанија очекува 100 милиони туристи оваа година
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
