Background

СЕ БАРА МЛАД ИНЖЕНЕР СО ПОЗНАВАЊЕ НА ВОДА И ЕНЕРГИЈА

Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“ (REU MKD) објавува оглас за инженер за поддршка на проектните активности, со фокус на намалување на неприходуваната вода и подобрување на енергетската ефикасност во системите за водоснабдување и отпадни води.

Кандидатот ќе биде ангажиран во едно од јавните комунални претпријатија во Берово, Битола, Кочани, Куманово, Радовиш, Струмица или Виница. Станува збор за привремен ангажман од 24 месеци, со обновување на договорот на секои шест месеци.

Може да се пријават кандидати до 30 години кои исполнуваат најмалку еден од следниве услови: Запишани се на магистерски студии на технички факултет; студираат во завршна година на технички факултет; дипломирале во последните две години во областа на инженерството за животна средина, електротехниката, машинството, градежништвото или друга соодветна инженерска област.

- Advertisement -
Ad image

Како потребни знаења и вештини се ценат: прибирање, обработка, анализа и толкување на податоци, како и подготовка на техничка документација, извештаи и презентации; добро познавање на Excel, Word, PowerPoint и други соодветни алатки за обработка на податоци; одлично познавање на македонскиот јазик и познавање на англискиот јазик најмалку на ниво Б2, писмено и усно; иницијативност, добри комуникациски вештини, работа во мултидисциплинарен тим, организирање на задачите според приоритет и почитување на роковите, подготвеност за теренска работа, техничка обука и размена на искуства, за примена на нови методи и техники на мерење и за постепено преземање одговорности под водство на искусни експерти; основното познавање на водоснабдувањето, системите за отпадни води, енергетската ефикасност или сродни инженерски области е предност.

Избраниот кандидат ќе работи со проектните координатори, техничкиот персонал на претпријатијата и домашните и меѓународните експерти на консултантот за спроведување на проектот. Активностите опфаќаат управување со загубите на вода, пресметка на воден биланс, енергетски прегледи, подготовка и спроведување технички мерки, прибирање податоци, анкети и кампањи за подигање на јавната свест.

Ангажманот нуди практична обука на работното место и менторство од македонски и швајцарски експерти, учество на работилници и размена на искуства, како и можност за професионален развој во секторите за вода и енергија. Предвидени се чести теренски посети во подрачјето на доделеното претпријатие и повремени патувања до други претпријатија учесници и до Скопје.

Испратете CV и мотивациско писмо во кое ќе ги наведете причините за пријавување и вашите релевантни квалификации, како и копии од соодветни дипломи, сертификати или потврда за тековни студии. По избор можете да доставите и контакт од лице за препорака на reu.mkd@gmail.com. Предмет на е-поштата: Application – Име Презиме – посакувана локација.

Рокот за пријавување е 1 декември 2026 година до 23:59 часот. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖