Background

Шпанија му дозволи на „заразениот“ брод да се укотви на Канарските Острови

Шпанија му дозволи на крузерот „Хондиус“, погоден од случаи на хантавирус со три смртни случаи, да се закотви на Канарските Острови, додека здравствените власти алармираат дека на бродот се случило пренесување на вирсуот од човек на човек.

Мадрид, исто така, се согласи лекарот на „Хондиус“, кој е во критична состојба, да биде пренесен со авион на Канарските Острови.

Одлуката е донесена во координација со Светската здравствена организација (СЗО) и Европската Унија, во согласност со меѓународното право и хуманитарните принципи, соопшти шпанското Министерство за здравство.

- Advertisement -
Ad image

Крузерот „Хондиус“ (Hondius), со околу 150 патници и членови на екипажот, тргнал од јужна Аргентина и моментално е закотвен кај Зелено’ртските Острови (Cape Verde).

Светската здравствена организација (СЗО) верува дека се случило пренесување на хантавирус од човек на човек на крузерот во Атлантикот, изјави епидемиолог на СЗО, Марија Ван Керхове, на прес-конференција во Женева.

Тројца патници на крузерот „Хондиус“ починаа во сомнителната епидемија. Жртвите се постара двојка од Холандија и еден државјанин на Германија. СЗО моментално се сомнева на вкупно седум заразени со вирусот, додека лабораториските тестови се во тек.

Претходно, СЗО на платформрата „Икс“ објави дека „инфекциите со хантавирус обично се поврзани со изложеност на животната средина (изложеност на урина или измет од заразени глодари)“. Но, Ван Керхове рече дека пренесувањето меѓу луѓето е можно со варијантата „Андес“ (Andes), на која се сомневаат во овие случаи.

СЗО верува дека синџирот на инфекција почнал со холандската двојка, која можеби била заразена пред да се качи на бродот. Ван Керхове истакна дека многу патници на бродот оделе на излети за набљудување диви животни и слични активности. Таа сугерираше дека понатамошната инфекција можела да се случи во затворените простории на „Хондиус“, но не го исклучи ниту заразувањето од глодари на островите посетени за време на крстарењето.

Холандскиот оператор „Ошнвајд експедишн“ инсистираше на тоа дека на бродот нема стаорци. Бродот пловел од Аргентина кон Зелено’ртските Острови кога патниците се разболеле.

Холандија ги предводи напорите за евакуација на преостанатите патници и екипажот, бидејќи крузерот плови под холандско знаме. Според холандското Министерство за надворешни работи, три лица кои се разболеле, вклучително и еден холандски државјанин, треба да бидат евакуирани од „Хондиус“ и пренесени во Холандија „што е можно поскоро“.

Хантавирусот може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања кај луѓето. Пренесувањето од човек на човек е ретко, според СЗО. Луѓето обично се инфицираат со вдишување прашина, на пример при чистење на правливи простории, или преку каснувања. Појава на вакво жариште на брод е невообичаено.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation