Background

Рубио ја прогласи операцијата „Епски бес“ за завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Проектот Слобода“, иницијативата за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина, ќе биде паузирана „на краток временски период“ за да се види дали може да се финализира и потпише договор со Иран.

Од почетокот на судирите меѓу САД, Израел и Иран на крајот на февруари, Техеран практично ја запре пловидбата низ Ормуската Теснина преку закани и напади, додека Вашингтон воведе поморска блокада за бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ наведе дека „иако блокадата (на САД) ќе остане во полна сила и ефект, Проектот Слобода (Движењето на бродови низ Ормуската Теснина) ќе биде паузиран на краток временски период за да се види дали Договорот може да биде финализиран и потпишан или не“.

- Advertisement -
Ad image

Трамп рече дека одлуката е донесена „врз основа на барањето на Пакистан и други земји, огромниот воен успех што го имавме за време на кампањата против државата Иран и, дополнително, фактот дека е постигнат голем напредок кон Целосен и Конечен договор со претставниците на Иран“.

Преговорите меѓу Иран и САД за претворање на сегашното примирје во траен договор се во застој поради длабоките разлики околу нуклеарните амбиции на Иран и контролата врз Ормуската Теснина. Пред конфликтот, приближно една петтина од нафтата и течниот гас со кои се тргува во светот поминуваа низ овој теснец.

САД во понеделникот ја почнаа иницијативата за помош на заглавените бродови да поминат низ Ормуската теснина. Според САД, Иран одговорил со неколку напади – вклучително и врз американските сили кои се обидувале да ја обноват комерцијалната пловидба во теснецот.

Објавата на Трамп доаѓа како изненадување, пренесува ДПА. Претходно во вторникот, и американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио ја промовираа новата американска иницијатива пред новинарите.

Рубио изјави дека американската воена операција против Иран, која администрацијата на Трамп ја нарече „Епски бес“ (Epic Fury), е завршена и дека Вашингтон сега преминува на „Проектот Слобода“.

– Операцијата е готова. „Епски бес“, како што претседателот го извести Конгресот, заврши во таа фаза – рече Рубио на прес-конференција во Белата куќа, додавајќи дека САД ги постигнале целите на операцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи нападите против Иран за завршени во писмо до Конгресот во петокот. Тој ден истече 60-дневниот рок според Резолуцијата за воени овластувања – за време на кој американски претседател може да спроведува воени операции без одобрение од Конгресот. Во писмото се наведува дека немало борби меѓу двете земји откако почна примирјето на 7 април.

„Непријателствата што започнаа на 28 февруари 2026 година, се прекинати“, се вели во писмото.

Во моментов во сила е кревко примирје меѓу САД и Иран, кое го почитува и Израел. Неодамна, тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се зголемија, што доведе до страв од понатамошна ескалација на војната. Трамп уште еднаш и се закани на Исламската Република со уништување откако Иран во понеделникот нападна нафтени постројки во Обединетите Арапски Емирати како одговор на американската иницијатива за повторно отворање на теснецот.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги предупреди САД да не ја продолжуваат својата иницијатива. Техеран инсистира на своето барање да го контролира сообраќајот во Ормуската Теснина. Иран сака бродовите во иднина да плаќаат патарина за поминување низ теснецот меѓу Заливот и Оманскиот Залив.

Иранските државни медиуми вчера јавија дека Техеран планира да ја зајакне контролата врз Ормуската Теснина преку нов систем за одобрување на пловилата што транзитираат низ водениот пат. Операторите на бродови кои планираат да поминат низ теснецот ќе добијат е-пошта со правила и прописи за транзит и мора да добијат дозвола од ирански орган, наречен „Управа за Персискиот залив и Теснецот“, објави државната телевизија Press TV. Не беше веднаш јасно што ќе опфаќаат правилата или како Иран би одговорил на прекршувањата. Press TV објави дека механизмот е веќе во функција

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation