Background

Шест нови позитивни случаи на ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари

Шест нови позитивни случаи на ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаја се регистрирани во Куманово и во Струмица, по еден во Скопје и во Кичево, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени денеска.

Пет лица од новите случаи биле на возраст над 60 години. Еден случај бил регистриран од возрасната група од 40 до 49 години.

Во текот на 2025 година, а заклучно со 12 јануари, регистрирани биле вкупно 11 заболени лица.

- Advertisement -
Ad image

Од ИЈЗ наведуваат дека ниската стапка на трансмисија на Сарс-ков-2, намаленото известување и малиот број на примероци за тестирање преку сентинел системите, имаат влијание врз способноста за прецизно да се процени епидемиолошката ситуација.

„Популацијата на ЕУ/ЕЕА севкупно има значително ниво на хибриден имунитет – претходна инфекција плус вакцинација – бустер дози, што дава заштита од тешка болест. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест. Хоспитализациите на лица со потврден ковид-19, приемите во интензивна нега и смртните случаи остануваат на ниско ниво во земјите на ЕУ/ЕЕА. Овие податоци во Република Северна Македонија не се достапни“, истакнуваат од ИЈЗ.

Иако бројот на заболени од ковид-19 на неделно ниво е мал, како што се додава, со оглед на тоа дека во тек е периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на Сарс-ков-2 да се зголемува, „што ја нагласува континуираната потреба од надзор – епидемиолошки и вирусолошки, на национално и регионално ниво“.

„Се препорачува следење на основните мерки за превенција на ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица“, нагласуваат од Институтот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation