Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, соопшти денеска итната помош.

 

Британските медиуми јавија дека во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба на социјалната мрежа Икс.

Според очевидци, до експлозијата дошло кога се превртела греалка на плин, што предизвикала пожар, а потоа и експлозија, соопштија од противпожарната бригада.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан изјави за Чешкото радио дека греалката била во зимската градина на ресторанот.

Во ресторанот имало околу 20 гости, јави Чешкото радио.

Share This Article