Михаил Звинчук, шефот на руската информативна мрежа „Рибар“, утрово е приведен во Црна Гора заедно со неколку соработници, ексклузивно дознава „Вијести“ од извори во безбедносниот сектор.
Црногорската полиција, во соработка и координација со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), спроведува операција насочена кон сузбивање на хибридните активности на оваа мрежа, која британските и американските власти ја поврзуваат со ширењето на пропаганда на Кремљ и со операции за надворешно информациско влијание.
Михаил Звинчук, шефот на руската информативна мрежа „Рибар“, утрово е приведен во Црна Гора заедно со неколку соработници, ексклузивно дознава црногорскиот медиум „Вијести“ од извори во безбедносниот сектор.
Меѓу приведените се неговата сопруга и соработничка, Валерија Владимировна Звинчук, како и уште три лица.
Операцијата се одвива во Рисан.
Британската и американската влада го посочија Михаил Звинчук како клучна фигура поврзана со злонамерни хибридни активности.
Според истите информации, црногорската полиција, во соработка и координација со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), спроведува операција насочена кон сузбивање на хибридните активности на оваа мрежа, која британските и американските власти ја поврзуваат со ширењето на пропаганда на Кремљ и со операции за надворешно информациско влијание.
Британската влада го именуваше Звинчук како косопственик и извршен директор на „Рибар“, наведувајќи дека мрежата делумно е координирана од администрацијата на рускиот претседател, дека добива финансиски средства од државната корпорација „Ростех“ и дека соработува со припадници на руските разузнавачки служби.
Звинчук е под британски санкции, додека Стејт департментот на САД го вбројува меѓу лицата вклучени во операции за злонамерно влијание насочени кон изборниот процес во САД. Стејт департментот на САД нуди до 10 милиони долари преку својата програма „Награди за правда“ за информации што би помогнале да се идентификуваат или лоцираат странски актери вклучени во мешање во американските избори – вклучително и наводни соработници на групата „Рибари“ (Fishermen) – или да се спречат такви активности.

