Background

Се воведуваат две нови авиолинии

Меѓународниот аеродром Скопје од оваа година добива две нови директни авиолинии до Женева и до Париз (аеродром Орли), кои ќе ги оперира компанијата „Изиџет“.

Овие линии се воведени на барање на дијаспората и претставуваат значаен чекор во развојот на македонскиот авиосообраќај, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Првата линија, Скопје – Париз, ќе започне со работа на 2 април, додека линијата Скопје – Женева ќе биде достапна од 3 ноември.

- Advertisement -
Ad image

Овие нови авиолинии се овозможени преку финансиската поддршка на Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт. Тие се дел од отворениот јавен повик за поддршка на воведување нови дестинации, кој останува отворен за сите заинтересирани авиокомпании што ги исполнуваат предвидените критериуми.

– Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Париз и Женева се атрактивни дестинации за нашите граѓани, особено за оние од дијаспората. Веруваме дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се пријават на јавниот повик. Дополнително, новите линии ќе ја зголемат конкурентноста на нашите аеродроми во регионот – изјави Николоски.

Со овие две нови дестинации, бројот на нови линии што ги поддржа Министерството за транспорт се зголемува на девет. Претходно беа воведени следните линии:

  • Охрид – Истанбул
  • Охрид – Базел-Мулхаус
  • Скопје – Дубаи
  • Скопје – Штутгарт
  • Скопје – Лион
  • Скопје – Барселона

Финансиската поддршка се спроведува по принципот „по патник во доаѓање“, што придонесува за стимулирање на поголем патнички сообраќај кон Македонија.

Овие мерки не само што обезбедуваат нови дестинации за граѓаните, туку и го олеснуваат патувањето за дијаспората, која ќе има поблизок и поекономичен пристап до своите блиски во татковината. Владата истакнува дека развојот на авиосообраќајот останува еден од приоритетите за зголемување на поврзаноста и економскиот развој на земјата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation