Background

Се верува дека му припаѓа на изчезнатиот Александар Нешовиќ Баја

Тело на непознато лице е пронајдено во буре во близина на српскиот град Инѓија, а првичните неофицијални информации во тамошните медиуми упатуваат на тоа дека е можно да станува збор за маж кој исчезна по крвав инцидент во Белград.

Како што пренесува српска Нова.рс, на терен веќе се преземаат сите неопходни вештачења за потврда на идентитетот.

– Во Србија, во близина на Инѓија, во буре е пронајдено тело на непознато лице, а Нова.рс неофицијално дознава дека може да станува збор за Александар Нешовиќ Баја, кој исчезна пред девет дена по пукање во ресторан во белградски Сењак. Во тек се проверки и анализи за да се утврди точниот идентитет на пронајденото лице – објави медиумот

- Advertisement -
Ad image

Официјалните органи во Србија веќе со денови спроведуваат опсежна истрага која резултираше со серија приведувања, меѓу кои и на високи полициски функционери.

Потрагата по Александар Нешовиќ Баја, за кој постои сомневање дека е убиен во ресторанот „27“ во Сењак, трае веќе девет дена. За ова убиство се уапсени десет лица, меѓу кои и Веселин Милиќ, началник на Управата за градска полиција во Белград, кој беше отпуштен од должност истиот ден.

Во потрагата по исчезнатиот маж на терен биле мобилизирани исклучително големи безбедносни сили и воена логистика. Голем број полицајци и припадници на жандармеријата учествуваа во потрагата, а пред неколку дена се придружија и единици на српската армија. Потрагата беше фокусирана на областа околу Јарковачкото езеро, недалеку од Инѓија.

Според досегашните сомненија на српското обвинителство, ликвидацијата била извршена на дрзок начин во самиот угостителски објект, по што трагите биле сокриени.

Постојат основи да се верува дека Саша Вуковиќ Бошке е лицето кое пукало во Нешовиќ перед полицијата во ресторанот, чие тело потоа било однесено на непозната локација“, се вели во извештајот за тешкиот инцидент.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation