Се разгорува дебатата за најголемиот остров на светот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новиот американски претседател Доналд Трамп беше прозван од пратеник од Данска во Европскиот парламент во врска со претходните најави дека САД ќе го припојат најголемиот остров на светот Гренланд. Андерс Вистисен, член на десничарската Народна партија му порача на Трамп дека островот не е на продажба:

– Почитуван претседателе Трамп, слушајте многу внимателно: Гренланд е дел од Кралството Данска веќе 800 години. Тој е интегриран дел од нашата земја. Не е на продажба. Ова ќе го кажам со зборови што можете да ги разберете. Господине Трамп, одебете – рече Вистисен.

За оваа изјава тој доби официјална опомена од потпретседателот на Европскиот парламент, Николае Стефанут.

– Терминот што го употребивте не е дозволен во овој дом и ќе има последици. Не е во ред во овој дом на демократијата. Без разлика што мислиме за господин Трамп, не може да се користи таков јазик – објасни Стефанут.

Премиерката на Данска Мете Фредериксен повеќепати му порача на Трамп дека Гренланд не е на продажба и дека „Гренланд е на Гренланѓаните“.

 

 

Неодамна синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор го посети островот и се сретна со дел од мештаните кои ги носеа познатите МАГА капи во поддршка на Трамп.

Се смета дека Гренланд е од стратешко значење за САД кои веќе ја модернизираат својата база Питуфик на островот. Островот е место од каде што лесно може да се надгледуваат руските и кинеските бродови. Гренланд е и најкратката копнена рута од САД до Европа.

- Advertisement -
Ad image

Најавите на Трамп дека не исклучува воена сила за припојување на Гренланд ги вклучија и алармите во Москва. Кремљ будно ги следи изјавите на Трамп за Арктикот.

Share This Article