Се интензивира изградбата на подводната врска со Египет

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Грчката групација „Копелузос“ ќе го забрза развојот на својата подморска енергетска врска со Египет во вредност од 4,2 милијарди евра, во обид да ја заврши изградбата и да ја пушти во работа до 2030 година, изјави извршниот директор задолжен за проектот Јоанис Каридас.

Наречен Греги (GREGY), предложениот подводен далновод привлече „силен интерес“ од европските банки за потенцијално финансирање.

-Грција се претвора во порта за увоз на енергија во Европа, бидејќи ЕУ бара независност од рускиот гас и планира да ги намали нето емисиите на јаглерод на нула до 2050 година. Греги влезе во листата на енергетски проекти на Европската унија од заеднички интерес, што ја прави прифатлива за грантови до 50% од трошоците за изградба – вели Каридас.

Врската, која ќе се состои од четири кабли кои ќе се протегаат на речиси 1.000 километри (620 милји) низ источниот Медитеран, има за цел да донесе електрична енергија од портфолио од 9,5 гигавати на ветерни и соларни проекти што „Копелузос“ ќе ги развие во Египет како посебен проект.

-Една третина од оваа струја ќе биде наменета за грчката индустрија, една третина за трансфери во Бугарија, Италија и понатаму во други европски земји, а последната третина за грчко производство на горива како водород и зелен метанол за бродови – вели Каридас.

Проектот има потенцијал да замени 4,5 милијарди кубни метри природен гас годишно  и ќе ги намали емисиите на CO2 за 10 милиони тони годишно.

Ветерните и соларните паркови во Египет ќе бараат осум милијарди евра инвестиции, а „Копелузос“ има за цел да ги развие со меѓународен конзорциум компании.

Помеѓу Грција и Египет ќе биде изграден подморскиот електричен кабел со двонасочен капацитет за пренос на енергија и вкупен очекуван буџет од 4,2 милијарди евра. Ќе носи 100% зелена енергија произведена од постројки за обновлива енергија во Египет, од корист и за резиденцијалните и деловните потрошувачи во Грција, соседните земји и ЕУ. На овој начин Грција ќе стане важен центар за зелена енергија во Источниот Медитеран и Југоисточна Европа.

„Copelouzos Group“ го развива проект на електричната интерконекција Грција-Египет (GREGY) од 2008 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article