Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка
Нов скандал во Владата на Мицкоски – Јанушев со фирма во Бугарија?
Уште еден скандал во Владата на Мицкоски.
Според документи објавени од медиуми во Бугарија, генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште Ќустендил.
Како што стои во овие документи дејноста е „патен линиски превоз на стока“, управител е Кире Гешоски а има и трет партнер – Сашо Апостоловски.
Инаку сите од кругот на Мицкоски.
Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра и нето добивка под 10.000 евра – незначително во споредба со прометот.
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, има бугарски пасош односно е бугарски државјанин.
Прашањето кое треба да го одговори на кои бугарски корени се повикувал Јанушев?
Сега излегуваат инфоррмации дека е поврзан и со фирма во Бугарија.
Тука е суштината на скандалот кој бара институцинална истрага и постапка.
Зошто Јанушев не го пријавл бугарскиот капитал?
Во ниту еден од своите анкетни листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Јанушев нема наведено дека е поврзан со фирма во Бугарија.
Зошто?
Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да отворат предмет и да информираат јавноста.
За давање лажни податоци за имотната состојба на функционерите им се заканува затворска казна од шест месеци до пет години.
Почитувани,
Ова не е изолиран случај. Ова е дел од пошироката слика за лицемерието и лажниот однос на владата на Мицкоски кон граѓаните.
Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија.
Додека неговите луѓе имаат фирми и прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница.
Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани.
Дали сега Игор Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?
Дали Мицкоски ќе одговори на тврдењата дека заедно со Лимани присвоиле 13 хидроцентрали?
И кога конечно ќе престане оваа политика на двојни стандарди?
Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=z22Ec3N5DC0
Tagged as:
СДСМ: Нов скандал во Владата на Мицкоски - Јанушев со фирма во Бугарија?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
