Background

СДСМ: Мицкоски повторно му диктира задачи на Обвинителот – Савески треба да си поднесе оставка

Мицкоски повторно му диктира задачи на Обвинителот – Савески треба да си поднесе оставка.
Мицкоски повторно диктира задачи за јавниот обвинител.
Имаме скандалозно признание на Мицкоски дека разговарал со јавниот обвинител Ненад Савевски, од позиција на премиер и му дал насоки како да постапува Обвинителството.
Мицкоски вели, цитирам: „ако тоа не се случи, тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет“.
Што е ова? Чиста наредба. Како што правеше од собраниска говорница, како што прави од телевизија, сега повторно, нова наредба на Мицкоски за јавниот обвинител кој самиот го избра и го постави.
Секој што се огрешил нека одговара, но не може премиерот да врши притисок врз обвинителот, односно да му наредува.
Судството и обвинителството во Македонија се под целосна контрола на Мицкоски и неговата организирана криминална група.
Затоа нема правда во Македонија и затоа нема реформи, затоа сме заглавени и со блокиран европски пат.
Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство затоа што тоа би значело правда и крај на заштитата на криминалците на власт.
Мицкоски елиминираше некои независни кандидати кои ги нарече „медиокритети“! Што е ова?
Секој што нема да го исполни тоа што го бара, станува медиокритет и талог на општеството.
Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Христијан Мицкоски.
Мицкоски дава наредби – Савески исполнува.
Ако сака да сочува малку лично достоинство, најмалку што може да направи Савески е да си даде оставка, уште денеска

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖