Background

СДСМ – Мицкоски: 200.000 граѓани славеле – Гета објави 50.000, арамијата штом ќе зине – лага

Мицкоски: 200.000 граѓани славеле – Гета објави 50.000, арамијата штом ќе зине – лага 🤥
Шефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата. 🎈
Дејвид Гета објави: 50.000 фанови на шоуто во Скопје. 🎶
Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на „над 200.000 граѓани“. Четири пати. 4️⃣ Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста. 🤥
Рече: прославата чинела нула денари од парите на граѓаните. Нула. 0️⃣ А сметката е 5,53 милиони евра. 💶 Не од магија. Од Државна лотарија. 🎰
Лотаријата е во државна сопственост. Значи, на граѓаните. Добивката од Лотаријата треба да влезе во буџетот. Буџетот се народни пари. Значи, на граѓаните.
Крај на бајката. ❌ „Нула денари“ е лага. „Пари од компании“ е лага. „Општествено одговорна фирма“ е маска. 🎭
Ги земаа парите што требаше да одат кај граѓаните и ги фрлија на бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии. 💸
Значи, граѓаните платија. И тоа – многу платија. 📄
Сега најавува вакви настани секоја година. Значи: секоја година истата каса, истата провизија, истата лага, истото надувување на цените и публиката. 🔄
Кај Мицкоски сè е лага. Сè е напумпано. 🎈
Пензиите – 16 пати.
Економијата – трета во Европа. 📊
Туризмот – први. ✈️
Авиосообраќајот – лидери. 🛫
Платите – најбрз раст. 💰
Концертот – 200.000 славеле. 🎤
Сметката – нула. 0️⃣
Ништо од тоа не стои. Стои само методот. Земи бројка. Помножи ја со четири. ✖️4️⃣ Излези пред камера. Обвини ја опозицијата дека е „естрада“. И барај аплауз за украдената каса. 👏💸
Гета напиша 50.000, а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економијата. 🤥📊
Разликата не е во публиката. Разликата е во провизијата, надуена исто како и публиката. 💶🎈
Разликата е систем: арамијата не знае да зборува ако не надува. И не знае да работи без кражба и провизија.
До кога, арамијо? ❓
Ова не е прослава на независноста, туку на провизиите на една банда и на арамија. 🇲🇰💸
Гета си замина со својата цифра. Граѓаните останаа со нова сметка. И со шеф на банда, арамија кој штом ќе ја отвори устата – лаже.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation