Background

СДСМ: Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки

Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави  „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа.
Реалноста е сосема поинаква.
Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот.
Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредуваше.
Нема пари за повисоки плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време на економска криза.
Дури нема ниту за навремена исплата на плати. Во Пошта повторно се доцни со исплатата и вработените се оставени без заработениот труд.
Во исто време расте дефицитот, расте инфлацијата, а ликвидноста на Буџетот е сериозно нарушена.
Недостатокот на пари Владата го покрива со нови задолжувања.
Последно, Владата се задолжува за нови 260 милиони евра, иако само во првиот квартал Мицкоски направи нов долг од 700 милиони евра.
Владата барала 300 милиони евра, но банките понудиле само 260 милиони евра. За прв пат се случува вакво нешто, што покажува дека дури и финансискиот сектор гледа дека економските политики на Владата се ризични и неодржливи.
Од доаѓањето на власт до денес, Мицкоски го зголеми јавниот долг за 2,5 милијарди евра.
Мицкоски е економски дилетант кој младите македонски генерации ги турка во должничко ропство а земјата во изолација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation