СДСМ: Двојни аршини на Мицкоски – бугарски бизнис за своите, изолација за Македонија
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е меѓу најблиските соработници на Мицкоски со бугарски пасоши односно бугарски државјанин.
А тој е генерален секретар на Владата на Македонија.
Според документи кои се објавени во медиуми од Бугарија, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил.
Компанијата има годишен промет од околу 320.000 евра, но пријавува добивка под 10.000 евра.
Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија.
Додека неговите луѓе прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница поради новиот Шенгенски систем и поради немањето напредок во ЕУ интеграциите и намерната изолација на Македонија од страна на ВМРО.
Организираната криминална група ВМРО има двојни аришини:
За себе и своите луѓе – бизнис во Бугарија, бугарски пасоши, компании со сомнителни финансиски извештаи.
За граѓаните на Македонија – изолација, блокада на европскиот пат, економска криза и чекање на граница.
Додека тие се богатат и прават бизнис преку Бугарија, граѓаните плаќаат цена за нивната политика на изолација.
Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија.