Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за Груевски.
Апелација има само неколку дена да одлучи, до 31 август и затоа треба веднаш да постапи по жалбите на Обвинителството.
Партизираното судство под контрола на Мицкоски го ослободи Никола Груевски со првостепената одлука и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО-ОКГ.
Претходно предметот „Талир 2“ беше одземен од поранешниот обвинител како класичен пример на политичко влијание врз текот на истрагите.
Власта го смени јавниот обвинител, постави обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков, позната од бомбите. Менуваше и назначуваше судии блиски до власта и до Мицкоски.
Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон.
Резултатот од таквото партизирано правосудство ослободителна пресуда за менторот на Мицкоски – Никола Груевски и спас на криминално стекнатиот имот на ВМРО.
Мицкоски го спаси Груевски, се уште не распишува ниту потерница по него.
Сега Апелацискиот суд има шанса да ја поправи грешката и да создаде нова шанса за правда.
Судството мора да им служи на граѓаните, а не за спас на криминалот на власта.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=pkAziOLqe7Y
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
