Background

Рудникот на смртта Штука-Иловица не се отвора со пиар текстови, туку со наука

Перењето на мозоци од страна на одредени провладини медиуми продолжува со нови текстови кои немаат допирна точка со реалноста. Наместо стручна анализа, добиваме уште еден обид граѓаните да се убедат дека Иловица е единствената надеж на Македонија во трката за критични минерали, а секој кој се сомнева во тоа автоматски да биде прогласен за противник на Европската Унија.

Логиката е едноставна, а всушност плитка. Ако Вашингтон и Пекинг инвестираат милијарди во критични минерали, тогаш и Македонија мора итно да го отвори рудникот во Иловица, без разлика на цената по животната средина, по земјоделството и по здравјето на локалното население. Ваков наратив се повторува со месеци, секогаш проследен со истите зборови, истите изјави и истата желба да се создаде впечаток дека против рудникот стојат само „неинформирани активисти“.

Кому му служи оваа приказна

Веќе видовме и обиди за организирано тероризирање на јавното мислење преку иницијативи кои однадвор изгледаат граѓански, а всушност служат за да го омекнат отпорот на месното население. Иницијативата која се претставуваше како грижа за „здравје и работа“ на крајот се покажа токму како обид да се пресретнат и да се искористат луѓето кои реално се бунат против отворањето на рудникот. Тоа не е случајност, тоа е образец кој веќе го препознаваме.

- Advertisement -
Ad image

Проблемот не е дали Македонија има бакар, тоа никој не го негира. Проблемот е кој одлучува, врз основа на што и во чиј интерес. Рудник со таков обем, со потенцијал да работи повеќе од две децении, не смее да се отвора врз основа на притисок од геополитичка трка меѓу големите сили, ниту врз основа на текстови нарачани да создадат моментален политички рејтинг.

Науката, а не пиарот, треба да пресуди

Рудникот на смртта, како што со право го нарекуваат жителите на Иловица и Штука, не може да помине без јасен, независен и стручен став на геолозите, еколозите, агрономите и здравствените експерти. Не може да помине со изјави на инвеститорот дека студијата постои некаде на 3.000 страници, а никој од граѓаните да не знае што точно пишува во неа. Не може да помине со портали кои систематски објавуваат текст по текст во иста насока, секогаш во интерес на инвеститорот, а никогаш во интерес на луѓето кои таму живеат и работат.

Ако проектот навистина е безбеден, ако технологијата навистина е чиста, ако навистина нема да има цијанид и сулфурна киселина како што тврдат од компанијата, тогаш нека тоа го потврди независна стручна комисија, јавно, транспарентно и со учество на локалното население. Не пиар агенција, не спонзориран текст, туку наука.

До кога ќе дозволуваме одлуки со кои се одлучува судбината на цел регион да се носат преку медиумски кампањи, а не преку факти?

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation