Background

Сараево го одби барањето на Белград

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во вторникот го одбил барањето на Србија за прелет на летало на БиХ на 8 и 9 јануари, со објаснување дека не сака Белград на тој начин да учествува во одбележувањето на Денот на Република Српска.

Во 2015 и 2019 уставниот суд на БиХ го прогласи чествувањето на денот кога беше прогласена Република Српска за неуставен. Во 1992 година пратениците од српска националност во собранието на тогашнта Социјалистичка република Босна и Херцеговина прогласија формирање „република на српскиот народ“ во БиХ, како крајна цел дефинирајќи го обединувањето на РС со Србија.

Барањето за прелет на српски воздухоплов го испратила српската амбасада во Сараево по најавата дека речиси сите министри на српската влада, предводени од премиерот Милош Вучевиќ, во среда ќе отидат во Бања Лука.

- Advertisement -
Ad image

Денеска во Бања Лука е планирана свечена академија, а в четврток треба да се одржи вообичаената парада во која ќе учествуваат припадниците на ентитетската полиција.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, нема да присуствува на церемонијата бидејќи се опоравува дома по комплицираната хируршка процедура што ја имаше на хранопроводот и стомакот на почетокот на декември во Белград.

Тој на на платформата Икс го објави видеото „Роден за вечност“,велејќи дека РС и оваа година гордо го дочекува 9-ти јануари – Денот на Републиката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation