Background

САМО ВО ПРАВОСУДСТВОТО ДОНЕСЕНИ СЕ 30 ЗАКОНИ

Министерот за правда  Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите на ЕУ ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата.

Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна динамика, професионален пристап и целосна посветеност на европската агенда.

– За помалку од две години подготвивме околу триесет законски решенија, од кои тринаесет се директно поврзани со Реформската агенда. Овој законодавен циклус претставува најобемен реформски процес реализиран од Министерството за правда во толку краток временски период и е јасен доказ за институционалниот капацитет, одговорноста и решителноста со кои се спроведуваат реформите – истакна министерот.

- Advertisement -
Ad image

Тој нагласи дека реформите се реализираат во тесна координација со Владата, Европската комисија, експертската јавност и меѓународните партнери, со единствена цел – создавање функционален, ефикасен и европски правосуден систем.

Во рамките на четвртото барање за ослободување средства од Реформската агенда, во областа „Владеење на правото” се следат 17 реформски чекори, при што седум од нив се поврзани со донесување на 13 законски решенија што се во надлежност на Министерството за правда.

Министерот информираше дека сите законски решенија се подготвени, четири веќе се донесени од Собранието, а останатите се наоѓаат во различни фази од законодавната постапка. Според тековната динамика, ќе биде пријавена реализација на осум реформски чекори, додека за уште два продолжуваат активностите за обезбедување поширока политичка поддршка, пред сè за Законот за јавното обвинителство и Изборниот законик.

„Пред амбасадорите беа презентирани и најзначајните реализирани резултати, меѓу кои донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, целосно усогласен со препораките на Оценската мисија на Европската Унија и Венецијанската комисија, како и новите Закони за судска служба и за јавнообвинителска служба, со кои се гарантираат правата на вработените, се унапредува системот на вработување и се воспоставува правично вреднување на трудот“, се вели во соопштението на Министерството за правда за брифингот.

Министерот Филков посочи дека се пополнети сите работни места во Агенцијата за управување со одземен имот, избрани се двајца нови членови на Судскиот совет согласно новиот закон, додека постапката за избор на третиот член е во завршна фаза. Дополнително, преку платформата на Европската комисија се евидентира континуирано зголемување на бројот на истраги, обвиненија, пресуди, конфискации и случаи на управување со одземен имот во предметите од областа на корупцијата, организираниот криминал и перењето пари.

Во завршна фаза се и новиот Закон за јавното обвинителство, Законот за судски буџет, новиот Закон за кривичната постапка и новиот Кривичен законик, со кои ќе се комплетира најобемниот реформски пакет во правосудството во последните години и ќе се воспостави современа правна рамка усогласена со европските стандарди.

– Реформите се инвестиција во иднината на државата. Со нив градиме посилни институции, поефикасно правосудство, повисока доверба кај граѓаните и побрза европска интеграција. Таму каде што е потребен политички консензус, очекувам одговорност и државнички пристап од сите политички чинители, затоа што европските реформи се обврска кон државата и кон идните генерации – порача министерот за правда Игор Филков.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation