Background

САД извршија нови воздушни напади врз иранските складишта за ракети и беспилотни летала, како и врз радарските станици лоцирани по должината на брегот на Иран

САД извршија нови воздушни напади врз иранските складишта за ракети и беспилотни летала, како и врз радарските станици лоцирани по должината на брегот на Иран, објави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.

Нападот уследи откако вчера танкер за нафта беше погоден од граната во Ормуската теснина.

„Американските авиони ги нападнаа иранските складишта за ракети и беспилотни летала, како и крајбрежна радарска станица, поради уште едно кршење на договорот за прекин на огнот! Многу е веројатно дека никој не научил лекција!“, се вели во објавата на Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Шефот на американската држава, исто така, предупреди дека „може да дојде момент кога повеќе нема да можеме да бидеме разумни и ќе бидеме принудени да го завршиме со воени средства тоа што го започнавме толку успешно. Ако се случи ова, Исламската Република Иран повеќе нема да постои!“.

Централната команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави синоќа објави дека американската армија почнала нови напади врз Иран, откако претходно во текот на денот танкер што пловел под панамското знаме бил нападнат од ирански дрон. Танкерот превезувал сурова нафта за државната енергетска компанија на Катар, која е клучен посредник меѓу Иран и САД.

Иранската државна телевизија IRIB изутринава по локално време објави дека се слушнале експлозии во Сирик, во јужниот дел на Иран.

„На Иран му беше дадена шанса да го почитува договорот за прекин на огнот, но тој одлучи да не го стори тоа“, се вели во соопштението на Централната команда на САД.

Во соопштението се наведува дека нападот е „директен одговор на континуираната агресија на Иран врз трговско-бродскиот превоз“ и дека цели се воениот надзор, комуникациите, воздушната одбрана, депоата за беспилотни летала и бродовите за поставување мини на Иран.

Во меѓувреме, Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран синоќа ги нападнал со ракети и беспилотни летала, откако САД извршија напад врз Исламската Република.

Кувајт и Манама ги осудија иранските напади, иако не беше веднаш соопштено колкава штета е предизвикана.

Новото гранатирање во Персискиот Залив дополнително го загрозува прелиминарниот договор склучен меѓу Техеран и Вашингтон како прв чекор кон трајно решавање на конфликтот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation