Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека извршила напади врз американска воена база во Бахреин, во рамки на продолжениот конфликт меѓу Техеран и Вашингтон на Блискиот Исток.
„Американскиот радарски систем за противвоздушна одбрана во хеликоптерската база ‘Ар Рифа’ во Бахреин беше нападнат со шест дрона на Воздухопловно-вселенските сили на Исламската револуционерна гарда“, се наведува во соопштението на гардата објавено на Телеграм.
Во Бахреин е стационирана и Петтата американска флота.
Бахреинското Министерство за внатрешни работи утринава двапати прогласи воздушна тревога. Министерството на малата островска држава во Персискиот Залив преку социјалната мрежа Икс ги предупреди жителите за можна закана.
Бахреин ги повика граѓаните да останат смирени и, доколку се на отворено, да се упатат кон најблиското безбедно место што им е познато.
Откако САД, заедно со Израел, на 28 февруари започнаа напади врз иранската престолнина Техеран, иранските сили возвратија со напади врз земјите од Персискиот Залив на чија територија се наоѓаат американски воени бази.
Во почетокот на септември годинава повторно беа обновени воените дејствија меѓу Вашингтон и Техеран, поради што американските воени бази во Бахреин повторно станаа актуелни цели на иранските сили.
Tagged as:
ИРАН НАПАДНА ВОЕНА БАЗА НА САД ВО БАХРЕИН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
