Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека 104 украински беспилотни летала биле соборени во текот на ноќта во девет нејзини зони, во еден од најголемите такви напади на руска територија од почетокот на конфликтот.
Системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 104 беспилотни летала, најголем број, од кои 47, во областа Курск, соопшти Министерството преку Телеграма.
Киев вели дека контролира стотици квадратни километри во областа од ненадејната офанзива започната во август минатата година.
Киев ги засили воздушните напади врз руските енергетски и воени објекти во последниве месеци, во кампања опишана како праведен одговор на континуираното руско бомбардирање на украинските градови и нејзината енергетска мрежа.
Во Белгородската област, каде според руското Министерство за одбрана беа пресретнати четири украински авиони, еден цивил е ранет во напад на станбена зона во градот Грајворон, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладгов.
Во регионот Нижни Новгород, остатоци од дрон предизвикаа пожар во рафинерија, објавија локалните власти и медиумите.
Фрагменти од дронот паднале во периметарот на фабрика во индустриската зона Кстово, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Глеб Никитин. Тој додаде дека пожарникарите го гаснат пожарот и оти според првичните информации нема повредени.
Локалните медиуми јавуваат дека е погодена рафинеријата за нафта во Кстово.
Москва, исто така, објави дека 11 беспилотни летала биле пресретнати во регионот Смоленск, вклучително и еден обид за напад на нуклеарен објект, кој не бил оштетен, изјави локалниот гувернер Василиј Анохин преку Телеграма.
Киев во неделата тврдеше дека ја погодил рафинеријата во руската област Рјазан, јужно од Москва, со беспилотно летало кое веќе било цел два дена претходно, кога Русија објави дека во текот на ноќта соборила 120 украински беспилотни летала.