Background

Ревизорите открија хаос со платите, без имотни документи, без надзор

Ревизијата на финансиското работење и усогласеноста на Основниот суд Гостивар откри серија нерегуларности и системски слабости, соопшти Државниот завод за ревизија.

Според наодите, во судот недостасуваат одредби за утврдување на платите на вработените кои вршат технички и помошни работи. Исто така, средствата што се издвојуваат од Буџетот за финансирање на Судската власт во 2023 година не го достигнуваат законски утврдениот минимум од 0,8% од БДП, туку изнесуваат само 0,3%.

Ревизорите констатирале дека во модулот за пресметка на плати на судската полиција не е правилно вклучено зголемувањето на платата, што влијае на основицата за минат труд. Исто така, надоместоците за прекувремена и ноќна работа, кои не треба да бидат вклучени, сепак се внесуваат при пресметката на додатокот за работно искуство.

- Advertisement -
Ad image

Дополнително, утврдено е дека постојат различни услови за пополнување на исто работно место во различните судски прописи, што создава правна несигурност и дилеми при постапувањето. Формата и содржината на обрасците за судски депозити не се пропишани, а има и неусогласености во регулативата за сопственоста на застарените депонирани предмети.

Ревизорите забележале и отсуство на документација за правото на сопственост или користење на објектот каде што е сместен судот. Пописот на имотот не е спроведен согласно законските прописи, а електронскиот систем за евиденција на работното време и прекувремената работа, иако поставен, не се користи поради неисправност.

Исто така, Основниот суд Гостивар нема склучено договор за распределба на трошоците со другите институции што ја користат истата зграда.

Ревизорите посочуваат дека не се преземени активности за попис и ажурирање на судските депозити, ниту за евиденција на одземени парични средства и вредни предмети. Исто така, изостанува надзор над материјалното и финансиското работење на судот. Забележано е и дека ценовникот за депозитите, како и депозитот за гориво за службени возила, е утврден без наведен законски основ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation