Здравите крвни садови се основата на виталноста, но и дел од телото кој најмногу страда од последиците од лошите навики. Неправилна исхрана, долготрајно стоење или седење, хипертензија, дијабетес, постојан стрес – тоа се причините кои можат да доведат до кардиоваскуларни болести и забавен метаболизам.
Лекарите препорачуваат да дејствуваме кога нивото на вкупниот холестерол е блиску до горната граница од 5,5 mmol/l или повисока.
Сите блокади на крвните садови, доколку не се лекуваат, може да доведат до сериозни компликации, срцев и мозочен удар.
Храна која штити од атеросклероза
Сепак, постојат начини на кои можеме да го запреме или спречиме развојот на болеста. Диететичарката Ивана Ѓуровиќ за порталот еКлиника вели дека со малку труд можеме да подготвиме помошни лековити средства богати со витамини и навреме да се заштитиме од атеросклероза.
Квас од зелка
Квасот од зелка е напиток кој ја нормализира цревната микрофлора, го регулира гастроинтестиналниот тракт и ги чисти крвните садови, објаснува Ѓуровиќ.
„Го подобрува и метаболизмот, го нормализира крвниот притисок, корисен е за спречување на чир на желудникот и дванаесетпалечното црево, а особено се препорачува во услови на недостаток на витамини, бидејќи содржи многу витамини и елементи во трагови“ додава таа.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.