Републиканските пратеници подготвија предлог-закон за купување на Гренланд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Републиканските пратеници во Претставничкиот дом на САД се обидуваат да добијат поддршка за нацрт-законот со кој се овластуваат разговори за купување на Гренланд, според нацрт-законот „Да го направиме Гренланд повторно голем“, чии копии беа дистрибуирани денеска, јавија американските медиуми.

Тоа го потврдија канцелариите на републиканските конгресмени Енди Оглс и Дијана Харшбаргер.

Ако биде усвоен, законот ќе му овозможи на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стапи во преговори со Данска почнувајќи од 20 јануари, кога ќе ја преземе функцијата претседател на САД. Во документот се наведува дека Конгресот го овластува претседателот, почнувајќи напладне на 20 јануари, да започне преговори со Кралството Данска за да обезбеди аквизиција на Гренланд.

Во документот се додава дека „најдоцна пет календарски дена по постигнувањето договор со Данска“ во врска со преземањето на Гренланд, американскиот претседател ќе го пренесе договорот, вклучувајќи ги сите поврзани материјали и анекси, до соодветниот конгресен комитет.

Трамп претходно изјави дека сака Гренланд да стане дел од САД.

Републиканците освоија тесно мнозинство во Претставничкиот дом и Сенатот на изборите на 5 ноември.

Share This Article